Радовиш

Состојбата со чадот од градската депонија во Радовиш се стабилизира

21.05.2026 18:00

Состојбата со чадот од градската депонија во Радовиш се стабилизира но препораките за заштита на граѓаните остануваат во сила. Општинските власти уверуваат дека за два до три дена целосно ќе биде затрупан депонијата со песок и земја за да се спречи ширење на чадот ...

Десетици камиони кипери багери сè уште работат на градската депонија во Радовиш. Се затрупува секој дел каде имало пожар и излегува чад. Речиси една недела се интервенира со градежна оператива како единствено решение да се стопира чадот кој беше неподнослив за радовишани.

Градоначалникот Почивалец вели дека препораките за заштита на населението сè уште важат иако воздухот денеска е нешто подобар за разлика од изминатите денови.

Граѓаните што ги затекнавме по радовишките улици побара казни за сторителите.

Градската депонија во Радовиш гореше и чадеше и во 2018-та. Таа се протега на околу 35 декари и се наоѓа северозападно веднаш до градот.

 

Ване Трајков