МВР

Страотна сообраќајна несреќа на скопската обиколница, четворица загинати

22.05.2026 08:29

Страотна сообраќајна несреќа се случи вчеравечер на скопската обиколница во близина на населбата Радишани. Четири лица загинаа во директен судир на патничко возило „бе-ем-ве“ со косовски регистарски таблички и камион...

Страотна сообраќајна несреќа се случи вчеравечер на скопската обиколница во близина на населбата Радишани. Четири лица загинаа во директен судир на патничко возило „бе-ем-ве“ со косовски регистарски таблички и камион. По силината на ударот автомобилот се запалил, по што интервенирала и екипа на противпожарната служба.

Истражните органи извршиле увид на местото на несреќата, а повеќе детали од МВР се очекуваат во текот на денов.