Продолжуваат дипломатските напори за договор
Иако има сигнали за приближување на ставовите, збогатувањето ураниум и контролата врз Ормускиот теснец остануваат главни пречки. САД повторуваат дека Иран не смее да има нуклеарно оружје и предупредуваат на можни „драстични мерки“...

Пакистан посредува во нов дипломатски обид за договор меѓу Вашингтон и Техеран. Иако има сигнали за приближување на ставовите, збогатувањето ураниум и контролата врз Ормускиот теснец остануваат главни пречки. САД повторуваат дека Иран не смее да има нуклеарно оружје и предупредуваат на можни „драстични мерки“.
„Ќе се погрижиме тие да немаат нуклеарно оружје, или ќе мора да направиме нешто многу драстично. Ќе го добиеме и високо збогатениот ураниум – Веројатно ќе го уништиме кога ќе го земеме, но нема да им дозволиме да го задржат“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.
Иранските медиуми велат дека се води размена на пораки за можна рамка на договор, но Техеран тврди дека нуклеарната програма не е главна тема. Во меѓувреме, врховниот лидер Моџтаба Хамнеи забрани извлекување на ураниум од Иран.
