Киев најави зајакнување на северната граница
Зеленски најави зајакнување на северната граница поради заканите од Русија и Белорусија, нагласувајќи дека нема да се дозволи повторување на сценариото од 2022 година...

Воените дејствија во Украина продолжуваат со жртви на двете страни. Зеленски најави зајакнување на северната граница поради заканите од Русија и Белорусија, нагласувајќи дека нема да се дозволи повторување на сценариото од 2022 година.
„Белоруското раководство мора да разбере дека ќе има последици доколку се преземат агресивни дејствија против Украина“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.
Путин соопшти дека заедничките нуклеарни вежби со Белорусија се успешно завршени, оценувајќи дека „мисијата е целосно исполнета“. Во исто време, Финска започна големи воени вежби во близина на руската граница. Министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска порача дека мора да се намали зависноста од САД и да се засилат европските капацитети, при што поддршката за Украина останува приоритет.
