Самит на НАТО во Шведска
Подготовки за Самитот на НАТО во Анкара и идната стратегија на НАТО во фокусот на состанокот на министри за надворешни работи на алијансата во Хелсингборг...

Подготовки за Самитот на НАТО во Анкара и идната стратегија на НАТО во фокусот на состанокот на министри за надворешни работи на алијансата во Хелсингборг, Шведска.
На состанокот ќе бидат отворени клучни теми за идната безбедносна архитектура на НАТО, меѓу кои европските сојузници да не зависат од американското воено присуство во Европа, по најавите на САД дека ќе повлечат дел од силите.
Сојузниците ќе разговараат за зголемување на одбранбените инвестиции, актуелните безбедносни предизвици, поддршката на Украина. На маргините на состанокот, шефот на дипломатијата Муцунски ќе има прва официјална средба со бугарската колешка Велислава Петрова - Чамова.
