Ракомет

Градови домаќини на EURO 2014...трет дел-Архус

23.12.2013 12:24

Архус е трет град по големина и еден од постарите (изграден во VIII век од Викинзите) во Данска со 319 000 жители чиа бројка вртоглаво расте. Годишно се смета дека по 4 000 новодојдени го населуваат градот кој се простира во околина со многу зеленило, шуми, езера и плажи. 

Во оваа убавина неделен престој ќе имаат репрезентациите на Србија, Русија, Франција и Полска  сместени во групата Ц.

Србите доаѓаат во Данска во најмала рака по одбрана на среброто во своето осмо континентално партиципирање, трето во низ.

Французите ќе се обидат да се вратат на старите патеки чија насока е пиедесталот по разочарувачкиот настап пред две години каде завршија на очајното за нив 11-то место. Предходните три пак ги врзуваа со медал 2010-тата и 2006-тата со злато, 2008-та со бронза.

Полска го прави низот од 7-мо учество од како се појавува на евро собири. Најголемиот успех е годината 2010-та со 4-тото место.

Русија го има најголемиот континуитет со 11-тото појавување. Години наназад никако да излезе од кризната фаза за која сметаат дека е дојдено време да се надмине, но несогласувањата во репрезентативниот табор и откажувањата на носителите на играта   тешко дека ова европско тоа ќе им појде од рака. Одамна, од 2000-тата ја немаат почуствувано моќта на успехот кога првпат се имаат искачено на највисокото место на пиедесталот, на двапати досега имаат и сребро последното пред 12 години.