Тридневен карантин во Сиера Леоне против ширање на еболата
Пусти улици во главниот град на Сиера Леоне – во сила е тридневниот карантин под надзор на војската, за да се спречи ширењето на еболата.
„Владата објави тридневен карантин и кампања Ебола Ток за пораката да дојде до секое семејство во земјава“, вели Ернест Баи Кома, претседател на Сиера Леоне.
Движењето им е дозволено само на лекарите во биохазардни одела кои бележат со креда на вратата во кои куќи поминале. Гвинеја ја затвори границата бидејќи многу луѓе нелегално ја преминале бегајќи од карантинот.