Народна банка

Славески учествуваше на меѓународната конференција „Предавања Ламфалуси 2026“ во Будимпешта

22.05.2026 11:25

Конференцијата, именувана по баронот Александар Ламфалуси, се смета за еден од најзначајните меѓународни форуми за размена на ставови и анализи меѓу гувернери, креатори на економски политики, економисти и претставници на финансиски институции.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, учествуваше на меѓународната конференција „Предавања Ламфалуси 2026“, што се одржа во Будимпешта, на покана на гувернерот на Народната банка на Унгарија, Михали Варга.

Конференцијата, именувана по баронот Александар Ламфалуси, се смета за еден од најзначајните меѓународни форуми за размена на ставови и анализи меѓу гувернери, креатори на економски политики, економисти и претставници на финансиски институции.

Годинашното издание беше посветено на темата „Глобални нерамнотежи во светски поредок што се менува“, а во фокусот на дискусиите беа предизвиците за меѓународниот финансиски и монетарен систем во услови на геополитичка фрагментација, трговски тензии и зголемена неизвесност во глобалната економија.

Во рамки на конференцијата се одржаа панели за макроекономските приспособувања и економските политики, како и за иднината на меѓународниот монетарен систем, со акцент на улогата на резервните валути, глобалните финансиски текови и финансиската стабилност.