Македонија доби станица за полнење на електромобили

20.09.2014 19:54

Промовирана е првата станица за полнење на електромобили во Македонија. Изгледа минијатурно, но врши работа. Во Европската недела на мобилност низ земјава минува карванот на „Тесла“, надежниот производител на автомобилите на електричен погон.

Граѓаните на Скопје денеска, а утре тетовци ќе можат да проверат дали заштедата и еколошкиот предзнак се главни адути на овој проект од иднината.

Нашата престолнина од неодамна може да се пофали со неколкуте туристички електромобили и електропеди.