СЕКОЈА ЕМОЦИЈА ЗАСЛУЖУВА ВНИМАНИЕ

Во Кочани отворен е Центар за советување и поддршка на момчиња и мажи

22.05.2026 14:24

Во Општата болница во Кочани отворен е Центар за советување и поддршка на момчиња и мажи. После трагедијата во овој град, психосоцијална помош е повеќе од потребна посебно на мажите кои ретко бараат стручна помош во периоди на криза.

Никој не треба сам да се соочува и да ги минува траумите во животот, Центар за бесплатна стручна помош од психолог и психотерапевт се отвори во кочанската болница во соработка со медицинскиот универзитет во Грац, Австрија и Универзитетската клиника во Скопје.

Мажите многу поретко бараат помош во справувањето со предизвиците на менталното здравје. Одделот за ментално здравје има обучен и сертифициран кадар за справување со вакви состојби.

На Кочани му е потребна поддршка во справувањето со трагедијата, вели координаторот на Центарот за советување на мажи во Скопје.

Ваков центар за психосоцијална поддршка има во Скопје, работи две години. За овој период помош побарале 135 мажи и момчиња.

Славица Величковска