Одбојка

Бразил по петти пат во мундијалско финале

20.09.2014 19:56

Атомска полуфинална одбојка, нијансите беа жолтеникави, Бразил по петти пат е во мундијалско финале. Кариоките ја совладаа Франција со 3-2 и се во ситуација да ја одбраната титулата и да бидат први во историјата со четири шампионски трофеи во серија.

За супер – квалитетниот меч во Катовице заслужни се и триколорите. Одиграа голем натпревар, беа на истѕо ниво со светскиот владетел, но сепак ќе можат само да го повторат успехот од пред 12 години кога го освоија единствениот мундијалски медал и тоа бронзен.

Французите влегоа преимпресионирани во осмата пресметка на Светските шампионати со Бразил и затоа го загубија првиот сет со 25:18. Во сите други сетови се играше рамноправно. Првиот поентер на мундијалот Рузие не беше во ритам, па францускиот слектор Тили го замени со сидибе и не згреши. Франција израмни на 1:1 со 25:23. Бразилците одговорија со ист резултат за 2:1, но „гласките петли“ не попуштија и со 25:22 го однесоа натпреварот во тај – брејк. Решавачкка во петтиот сет беше серијата на Бразил од 4:0 за 13:8, предност којашто шампионите ја претворија во победоносни 15:12. Во решиси изедначената статистика, клучни беа поените од блок, Бразил освои 16, односно двојно повеќе од Франција чијшто најдобар играч Нгапет освои 22 или еден поен повеќе од Бразилецот Лукарели.