OJO

Истрага за жена која се обидела да внесе дрога во КПУ Идризово

22.05.2026 16:31

Истражна постапка против 25-годишна осомничена за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишна осомничена за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 20 мај таа се обидела неовластено да внесе наркотична дрога – марихуана и кокаин во КПУ Затвор Идризово во Скопје додека била во посета на нејзиниот сопруг кој издржува казна во затворот.

Однела две табли во кои визуелно изгледало дека се спакувани вкупно 60 јајца, но при проверка на скенер и при рачна проверка, било утврдено дека 28 од нив содржат пакувања дрога, односно вкупно 318,62 грама марихуана и 142,2 грама кокаин.

Имајќи ја предвид тежината на делото и ризикот од бегство и од повторување на делото, но и фактот дека осомничената е мајка на малолетни деца, од кои едно 5-месечно бебе, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничената.