Дебата

Јавна трибина за корупцијата и политичката одговорност

22.05.2026 15:47

Институтот за меѓународни, стратегиски и безбедносни студии „Радика“ одржа јавна трибина на тема „Држава за сите или плен за малкумина – може ли Македонија да ја победи корупцијата? ...

„Држава за сите или плен за малкумина, може ли Македонија да ја победи корупцијата?“, тема на јавната трибина, во организација на институтот „Радика“.

Од таму велат, корупцијата е акутен проблем во сите општества, па и во нашето. Најавија дека наскоро ќе излезат со конкретни предлози до институциите, односно реформи во политичкиот систем, кои би го ограничиле просторот за корупција.

Дискусијата се фокусира на повеќе значајни прашања, како на пример, дали институциите се независни или зависат од партиските центри на моќ, како и дали функционираат антикорупциските механизми, дали во Македонија постои селективна правда и колку корупцијата ја чини македонската економија.

Дали сме заглавени во вечна потрага за нов модел за борба со корупцијата и како да се создаде култура на отчетност и реална политичка одговорност, се дел од останатите прашања, актуализирани на јавната трибина.

Марија Котовска