Животна средина

Поддршка за модернизација на зоолошките градини во Скопје и Битола

22.05.2026 18:00

На Меѓународниот ден на биодиверзитетот, Министерството за животна средина и зоолошките градини во Скопје и Битола потпишаа Меморандум за соработка.

Зоолошките градини во Скопје и Битола ќе се трансформираат во модерни европски центри кои примерно ќе се грижат за благосостојбата на животните, заштитата на дивиот свет и едукацијата на младите. Потпишан е Меморандум за соработка со Министерството за животна средина. Документот кој предвидува современи живеалишта со силна едукативна улпога, наместо исклучиво изложбен простор.

Заштитата на планетата започнува од нашиот сопствен двор, а свеста за природата се негува од најрана возраст, рече министерот за животна средина, Муамет Хоџа.

Поминаа 100 години од основањето на скопската Зоолошка градина. Генерации деца го направија првиот чекор кон разбирање на природата во овој објект. Тие не се само места каде што се набљудуваат животните. Тие се центри за едукација и заштита на биодиверзитетот.

Александра Спировска