Одбојка - СП Полска 2014

Полска преку Германија обезбеди меч за титулата против Бразил

21.09.2014 00:05

Во второто полуфинале на 18 С П во одбојка, репрезентацијата на Полска  ја совлада Германија со 3 : 1. Околу 11 илјади гледачи во “Сподек“ арена во Катовице уживаа во врвна одбојка, во која на крајот се радуваа на пласманот на Полска во големото финале, каде што ќе играат против Бразил. Во воведниот сет Германците почнаа одлично и имаа резултатска контрола се до 18 : 15, но со серија од пет поени Полјаците најавија пресврт и го добија со 26: 24.

Во второто полуфинале на 18 С П во одбојка, репрезентацијата на Полска  ја совлада Германија со 3 : 1. Околу 11 илјади гледачи во “Сподек“ арена во Катовице уживаа во врвна одбојка, во која на крајот се радуваа на пласманот на Полска во големото финале, каде што ќе играат против Бразил. Во воведниот сет Германците почнаа одлично и имаа резултатска контрола се до 18 : 15, но со серија од пет поени Полјаците најавија пресврт и го добија со 26: 24. Во вториот Полска водеше со 7 разлика во средишницата, па сепак Германија можеше да го освои, но пропушти 3 сет топки, за на крајот да загуби со 26 : 28. Слично беше и во третиот, Полска поведе со 10 : 5, а противникот најпрвин израмни на 11 : 11, по што ја презеде резултатската контрола и го доби сетот со 25 : 23. Израмнето и крајно неизвесно беше во четвртиот, во кој дури во завршната фаза Полска го скрши отпорот на ривалот и го доби со 25 : 21 за конечни 3 : 1 и трет мундијалски медал во историјата, по златниот во 1974 и сребрениот во 2006 година.

Најзаслужен за триумфот е најдобриот поентер на шампионатот Влазли со 22 освоени поени, кој имаше одлична поддршка од Мика, Клос и Новаковски. Кај Германците кои ќе играат за својот прв медал на С П во малото финале против Франција, најдобар беше Калиберда со 18 поени, додека потфрли главната звезда Грозер со 14 поени и слаб процент на реализација.