УХМР
Променливо и нестабилно време, на повеќе места пороен дожд и засилен ветер
23.05.2026 08:23
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната од 20 до 28 степени.

Променливо облачно и нестабилно време се очекува денес. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер со брзина над 50 km/h. На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната од 20 до 28 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно и нестабилно, во делови од котлината со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.
