Македонија

Иновативни решенија за заштита на животната средина

23.05.2026 16:01

Младите од Пелагониско на саем во Струмица ги презентираа своите иновативни решенија за предизвици поврзани со климатските промени и заштита на животната средина. Како што кажаа нивните решенија може да најдат примена и да се развиваат социјални бизниси.

Средношколци од Крушево предложија од отпадното масло од угостителските објекти да се произведува миризливи сапуни. Во училишната лабораторија тие веќе го тестирале целиот процес како дел од решенијата за почиста животна средина. Својот модел на производство на сапун од отпадно масло го презентираа на Саемот за социјални иновации во Струмица.

Средношколци од Битола пак понудија решение како да се сузбие мувлата по објекти. Изработија прочистувач и навлажнувач на воздухот кој ќе работи на соларна енергија.

Саемот го реализираше граѓанската организација ЛЕАД. Од таму соопштија дека социјалните иновации ќе биде изборен предмет за гимназијалците од септември.

Во Струмица вкупно 15 училишта од пелагонискиот регион ги изложија своите иновативни решенија за почиста животна средина кои може да се прошират и како социјални бизниси.

Своите иновативни решени средношколците од пелагониско најавија дека ќе ги промовираат на повеќе отворени денови, базари и саемски манифестации.

Ване Трајков