Вучиќ повика на дијалог и најави можност за негова оставка
По протестите и немирите во Белград – неочекувана порака од Пекинг. Вучиќ со изјава- „Можеби наскоро ќе поднесам оставка“.

Претседателот Вучиќ кој од денес е во официјална посета на Пекинг, коментирајќи го синоќешниот студентски протест на Славија оцени дека тоа „бил предизборен митинг“. За инцидентите после протестот кажа дека истите биле подготвувани и ги повика политичките противници на дијалог. Вучиќ кажа и да неговиот мандат наскоро завршува и дека можеби ќе поднесе оставка.
„Наскоро ми истекува мандатот. Јас не можам. Нема да го скратам мојот мандат, како што Борис Тадиќ успешно ве принуди да ја прифатите бесмислената формулација, или поднесувате оставка или сте претседател до крајот на мандатот. Можно е наскоро да поднесам оставка, па можно е, тие се во право, готов сум“, изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија во пресрет на протестот на Славија на кој беа повторно побарани предвремени избори, кажа дека „изборите можеби ќе бидат од средина на септември или до крајот на ноември“, а пред тоа најави можност дека за летоска ќе распише избори, што не се случи.
Тој најави дека на митинзите организирани од владејачката партија околу Видовдан, повеќе внимание ќе се посвети на пораките што се испраќаат до граѓаните отколку на бројот на учесници.
Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ
