Радовиш

Пожарот во поранешната текстилна фабрика во Радовиш, ставен под контрола

25.05.2026 08:09

Пожарот во поранешната текстилна фабрика „Декортекс“ во Радовиш, што избувна вчера попладне е ставен под контрола. Предизвикана е материјална штета на производните погони и магацините. Во акцијата за гаснење учествувале противпожарните бригади од Радовиш и Струмица, како и доброволните противпожарни друштва од Конче и Мантово.

За време на гаснењето, неколку припадници на противпожарните единици вдишале поголема количина чад и се здобиле со полесни изгореници, но нема потешко повредени. Причините за пожарот сè уште се утврдуваат.