Раде Стојановиќ во Драмен

23.12.2013 12:54

Струмичкиот ракометен прволигаш Зомимак –М останува без својот најдобар играч Раде Стојановиќ. Екс македонскиот репрезентативец е веќе во Норвешка каде што по лекарските прегледи стави потпис на петмесечниот договор со прволигашот Драмен. Норвежаните биле побрзи и со подобри услови од францускиот Иври , кој исто така бил заинтересиран за услугите на искусниот лев бек.

Стојановиќ остави силен печат во Зомимак-М и е најзаслужен за најголемиот успех на клубот кој оваа сезона по елиминацијата на Архус ќе игра во групната фаза од ЕХФ купот, заедно со Монпеље, Скјерн и Спортинг. 35 годишниот ракометар, кој на четирите дуели од ЕХФ купот оваа сезона постигна 30 гола, на официјалната интернет страница им се заблагодари на навивачите и на раководството на Зомимак-М, изразувајки жалење што селекторот Ивица Обрван немал вистинска проценка на неговата форма и не го повикал  во националниот тим за ЕП во Данска.

 Во својата богата кариера Раде Стојановиќ настапуваше за Пелистер, Вардар,Тримо Требње, Голд Клуб Козина, Горење. Неговиот нов клуб Драмен е моменто осмопласиран во конкуренција на 12 екипи во елитната норвешка лига, со 4 победи, 7 порази и е едно реми. Драмен е четирикратен државен првак и првиот норвешки состав со Европска титула од Сити Купот во 1996 година.