Утре средба Мицкоски – Пленковиќ во Охрид
По пречекот на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, Мицкоски и Пленковиќ ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува состанок на двете делегации, како и потпишување договори за стратешка соработка...

Македонскиот премиер, Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, Мицкоски и Пленковиќ ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува состанок на двете делегации, како и потпишување договори за стратешка соработка, Меморандум за соработка помеѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерство за заштита на животната средина и зелена транзиција на Хрватска.
Двајцата премиери, Мицкоски и Пленковиќ ќе одржат прес – конференција, а средба ќе имаат и претставниците на бизнис – заедницата од двете држави.
