Украина

Киев очекува нови дипломатски ангажмани со САД за прекин на конфликтот

26.05.2026 11:09

Украинскиот претседател вели дека земјата работи со европските партнери на проширување на производството на антибалистички системи. Зеленски истакна дека Киев очекува нови дипломатски ангажмани со САД за прекин на конфликтот со Русија.

„Украина им е благодарна на Соединетите Американски Држави за поддршката во одбраната. Благодарни сме за американското искуство и сме подготвени да го споделиме нашето безбедносно и технолошко достигнување тестирано од оваа војна. Сето ова му го понудивме на Вашингтон. Многу е важно да има резултати. Истото важи и за дипломатијата. Очекуваме нови дипломатски ангажмани со претставници на претседателот на САД“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Украина викендов беше на удар од хиперсонични руски проектили и беспилотни летала. Нападите продолжија во пограничните области.