Руско - украински конфликт

Русија се закани со нови напади врз Киев, ги повика странските државјани да го напуштат градот

26.05.2026 11:55

Москва ги повика странските државјани и дипломатите да го напуштат Киев што е можно поскоро и ги предупреди граѓаните да се држат подалеку од административните и воените згради...

Русија се закани со нов бран напади, неколку дена откако украинската престолнина беше погодена со хиперсонични ракети и беспилотни летала. Москва ги повика странските државјани и дипломатите да го напуштат Киев што е можно поскоро и ги предупреди граѓаните да се држат подалеку од административните и воените згради.

Двете страни ги продолжија меѓусебните обвинувања за одговорноста за ескалацијата на конфликтот и цивилните жртви. Украинскиот претседател вели дека земјата работи со европските партнери на проширување на производството на антибалистички системи.

Зеленски истакна дека Киев очекува нови дипломатски ангажмани со САД за прекин на конфликтот.