Македонската уметност претставена во европската престолнина на културата

21.09.2014 15:24

Во Амбасадата на Македонија во Виена синоќа е отворена изложбата „Мејд ин Маседониа-Бриколаж“ што се одржува во рамки на манифестацијата „Денови на македонската култура во Австрија“.
 
Во Амбасадата на Македонија во Виена синоќа е отворена изложбата „Мејд ин Маседониа-Бриколаж“ што се одржува во рамки на манифестацијата „Денови на македонската култура во Австрија“.
 
На изложбата, чиј куратор е Викторија Васева-Димеска, а соработници се Ива Петрова-Димовски и Благоја Варошанец, се презентирани повеќе од 20 дела од творештвото на реномираните македонски уметници меѓу кои Атанас Атанасоски, Жанета Вангели, Ива Димеска, Антони Мазневски, Дијана Томиќ-Радевска, Исмет Рамиќевиќ, Вана Урошевиќ, како и дела на членовите на уметничката група ОПА, Слободанка Стевческа, Денис Сарагиновски.
 
Изложбата ја отворија директорката на Музејот на современата уметноста Елиза Шулевска и македонскиот амбасадор во Австрија, Ѓорги Филипов кои ја истакнаа важноста на ова ликовно претставување на современата македонска уметност во австриската престолнина.