Временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена облачност

27.05.2026 08:06

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималните температури ќе се движат од 10 до 17 степени, а максималните од 29 до 34 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.