Украина

Осуда за руските напади извршени во Украина изминатиот викенд

27.05.2026 12:10

Русија претходно испрати предупредување до странските државјани и дипломати да го напуштат Киев, поради планирани напади...

Украинскиот амбасадор во Обединетите нации, ги осуди ескалирачките руски напади од викендов и обвини за кршење на меѓународното хуманитарно право. Русија претходно испрати предупредување до странските државјани и дипломати да го напуштат Киев, поради планирани напади. Министерството за надворешни работи на Украина вели дека нивото на безбедносна закана останува непроменето.

„Руската федерација достигна ново, застрашувачко ниво на агресија против Украина со интензивирање на нападите врз цивилите и цивилната инфраструктура. Во ноќта од 23 до 24 мај, руските вооружени сили почнаа еден од најголемите комбинирани напади, користејќи стотици оружја, вклучувајќи балистички и крстосувачки ракети, како и беспилотни летала. За градот Киев, ова беше еден од најразорните напади регистрирани досега. Други региони на Украина беа исто така сериозно погодени. Многу цивили беа убиени и повредени“, изјави Андриј мелник, амбасадор на Украина во ООН.

Рускиот амбасадор во ООН вели дека отвориле истрага за украинскиот напад со беспилотно летало на 22 мај врз студентски дом во град во регионот Луганск, анектиран од Русија. 21 лице, претежно млади девојки, биле убиени, а 63 студенти биле повредени во нападот.