Верниците од исламска вероисповед слават Курбан Бајрам
Денеска се слави Курбан Бајрам, еден од најголемите празници на исламската религија. Во џамиите во утринските часови се одржаа молитви...

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Крубан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. Празникот трае три дена, а на првиот се изведува молитвата Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.
Она што е карактеристично за овој празник е што се принесува жртва – курбан, чија симболика е приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни и телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините.
Прославата на Курбан Бајрам почнува 70 дена по првиот Бајрам во годината – Фитр Бајрам, и го одбележува денот кога е комплетиран светиот Куран. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за еден од петте темели на исламот, како доказ за солидарност и благосостојба.
По повод празникот, честитка до верниците упатија државниот врв и политичките партии.
