Папата Франциско во Тирана: Религијата не смее да биде оправудање за насилството!

21.09.2014 16:54

Да не се залажуваме дека било кој од нас е божји војник додека врши насилство и измачување. Никој не смее да ја користи религијата како оправудање за постапките спротивни на човечкото достоинство, рече Папата Франциско...

Првата посета на Eвропа, папата Франциско ја искористи да упати порака против насилствата на џихадистите во Ирак и во Сирија. Пред албанскиот државен врв и пред илјадниците христијани и муслимани во Тирана посочи дека религијата не смее да биде оправудање за насилството. Да не се залажуваме дека било кој од нас е божји војник додека врши насилство и измачување. Никој не смее да ја користи религијата како оправудање за постапките спротивни на човечкото достоинство, рече Папата Франциско. Под силно полициско обезбедување, поздравен од илјадници присутни верници, Папата, заедно со двајца кардинали, 18 бискупи и над 200 свештеници одржа света миса наплоштадот Мајка Тереза.

„Не е важно дали сум католик, православен или мухамеданец. Папата дојде во нашата земјакоја многу страдаше да ни каже да го сочуваме мирниот соживот меѓу религиите. Најважно е луѓето да ја почувствуваат добрината во нивните души, а Папата може да им го понуди тоа“, вели Ксенофон Дило, жител на Тирана.

„Религиите овде се обединети. Јас сум од Берат. Таму не има муслимани и православни и по некој католик. Кога и да има верски празник, славиме заедно. Тие доаѓаат кај нас за велигден, а ние одиме кај нив за бајрам“, рече Ставри Ќендро, жител на Берат.

На аеродромот во Тирана, Папата беше пречекан од премиерот Еди Рама, а потоа со највисоки почести беше примен и од албанскиот претседател Бујар Нишани. Пред државниот врв Папата ја нарече Албанија земја на маченици и херои. Ги пофали за взаемната доверба што ја имаат католиците, православните и муслиманите, додавајќи дека тоа е особено значајно бидејќи во реалниот свет, религиозноста често пати се злоупотребува.

Градоначалникот му го предаде клучот од албанската метропола, прогласувајќи го почесен граѓанин на Тирана. Настанот го следат илјадници странски новинари, а меѓу стотиците илјади пристуни на плоштадот Мајка Тереза во Тирана има и граѓани од Македонија.

 

Маја Стојанова