Топло време
Екстремни температури во Европа, Франција пријави седум смртни случаи
27.05.2026 10:01
Западна Европа руши рекорди со високи мајски температури. Топлотниот бран од Европа се спушта на Балканот...

Западна Европа руши рекорди со високи мајски температури. Франција пријави седум смртни случаи, а температурите во делови од регионот достигнуваат и до 40 степени.
Велика Британија, Ирска, Германија, Италија, Шпанија и Швајцарија се соочуваат со топлотен бран кој не е забележан за овој период од годината.
Топлотниот бран од Европа се спушта на Балканот, научниците предупредуваат континентот се затоплува со брзина од 0,56 Целзиусови степени по деценија.
