Мигрантите стануваат сериозен проблем за Унијата

21.09.2014 17:03

Сигнал е формирањето на посебен комесаријат за ова прашање во рамките на новиот тим на Јункер...

Две работи ја мачат Европската Унија кога се во прашање нелегалните мигранти. Суровата статистика на 1.900 луѓе кои ги изгубија своите животи на бреговите на Италија обидувајќи се да влезат во Унијата изминативе неколку месеци.

Ова го наметна прашањето Брисел поинтензивно да се позанимава со проблемот. Сигнал е формирањето на посебен комесаријат за ова прашање во рамките на новиот тим на Јункер.

„Говориме за милиони луѓе кои веќе се во Европа кои бараат работа, кои веќе се интегрирани. Ние мораме да ги разгледаме сите прешања. Треба да имаме вообичаен италијански пристап, терба да ја делиме одговорноста со останатите држави членки, тоа е сега најважно“, смета Ѓузепе Лулиано, подпретседател на Секторот за надворешни односи во ЕЕСЦ.

Според ОН само лани на југот на Италија пристигнале околу 32.000 емигранти. Бројка ни малку за потценување, доколку се земе в предвид  дека тие луѓе трајно остануваат во Европа. Најчесто работат на т.н. „црн пазар“, со што ја оштетуваат државата со неплаќање на даноци и придонеси за социјално осигурување, а истовремено се нелојална конкуренција.

За проблемот малку јавно се говори и нема точна статистика  за колку е оштетен буџетот на ЕУ. Според „Евробарометар“ најголем број на работници на црно има во Латвија, Холандија и Естонија – дури 11 проценти, а најмалку во Малта, Ирска, Италија, Германија и Португалија.

Борбата во државите членки против непријавената работа во основа се потпира на три извршни тела и тоа, во Испекторатот за труд, во Испекторатот за социјално осигурување и кај даночните власти.

 

Марина Стојанова Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ