Македонија

Градежните пропусти, повик за будење на институциите

27.05.2026 17:51

Ниту се следат прописите за заштита, ниту општините имаат доволно инспектори за контрола на терен. Откако за еден месец се случија два инцидента на градилишта во Скопје, експертите децидни – ова е повик за будење на институциите. Градежниот факултет го доби писмото од Центар за свлечиштето на улицата Христо Смирненски – утврдено е дека немало стручен надзор, дадено задолжение за враќање на јамата во првобитната состојба.

По свлечиштето на градилиште во Општина Центар е одржан кризен состанок и се донесени интервентни мерки. Градежните експерти советуваат затрупување на градежната јама за да се спречи дополнително свлечиште. Констатирале дека нема доволно инспектори и стручен надзор.

Не се посветува доволно внимание при градежни активности особено во густонаселени места како централното градско подрачје. Потребно е преуредување на сите процедури пред да почне изградбата-вели деканот на Градежен факултет, Јосифовски. Апелира на итни законски измени, бидејќи постојните не ја регулираат безбедноста на градежната јама.

За еден месец имаше две свлечишта од кои првото со смртен случај, а при второто возачот успеал да излезе, затрупан бил само багерот.

Александра Велинова