Македонија

ЕУ почнува преговарачки процес за укинување на роамингот

27.05.2026 17:13

Оптимистичко сценарио за укинувањето на роамингот со ЕУ е 1-ви јануари в година, но рокот зависи од Унијата. Македонија е подготвена, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски...

Бесплатен роаминг за Македонците во ЕУ од 1 јануари 2027 година. Европската Унија почнува преговарачки процес за укинување на роаминг-услугите, односно за воведување на моделот „роаминг како дома“. Како што најави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, Македонија е меѓу првите земји од Западен Балкан што би можеле да ги почнат преговорите.

Процесот предвидува постепено укинување на дополнителните трошоци за мобилни услуги при патување во ЕУ, но конечното спроведување ќе зависи од усогласувањето со европската регулатива и од договорите со телекомуникациските оператори.

Паралелно, Македонија е добро позиционирана и на Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан. Се истражувале 4 држави. На Македонија друштво и правеле Србија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Оценката е дека на државата и се потребни повеќе инженери и стручен кадар, за да се зголемат продуктивноста и конкурентноста. Од Фондација „Конрад Аденауер“ порачаа дека иновациите се клучни за подобрување на животниот стандард, но и економскиот развој на Македонија.

Борис Грујоски