Кралскиот Куп за Лазаров

23.12.2013 12:58

Нашиот ракометен капитен додаде уште едно признание во својата колекција, триумфирајќи со Барселона во АСОБАЛ Купот на Шпанија. Леворакиот бомбардер постигна 3 гола, имаше и 3 асистенции, во триумфот на Каталонците против Гранољерс (34:28).
 
Ова е трето признанние годинава за Лазаров, во дресот на Барселона, по триумфите во АСОБАЛ Суперкупот и на ИХФ Суперглоуб натпреварувањето.
 
Барселона и Лазаров, се во група со Вардар и со Металург во ЛШ. Од 4-те дуели со двата македонски претставника, на Каталонците им останува уште гостувањето во Скопје против вицешампионот Металург, во последното коло од фазата по групи.
 
Најуспешната екипа во елитното клупско натпреварување (со 8 титули) и сезонава е прв фаворит за освојување на трофејот, кој што минатата година и избега во финалето што го загуби од Хамбург (30:29).
 
Бранко Чупески