БЛИСКИ ИСТОК

Американската војска изврши напади врз Иран

28.05.2026 08:21

Централната команда на САД соопшти дека собориле четири ирански дронови кои претставувале закана околу Ормускиот теснец...

По вторпат за три дена, американската војска изврши напади врз Иран, таргетирајќи воена локација во Бандар Абас, стратешки пристанишен град. Централната команда на САД соопшти дека собориле четири ирански дронови кои претставувале закана околу Ормускиот теснец. Нападите доаѓаат во услови на кревко примирје меѓу САД и Иран и преговори за ставање крај на тримесечната војна. Американскиот претседател вели дека неговата администрација се справува многу добро во преговорите со Иран, но предупреди дека секој договор мора да биде совршен. Трамп одново истакна дека не прифаќа краткорочен договор што ќе им овозможи на Иран и Оман да го контролираат важниот протокот.

„Тоа се меѓународни води. Никој нема да го контролира. Ние ќе го чуваме, но никој нема да го контролира. Тоа е дел од преговорите што ги водиме. Тоа се меѓународни води. И Оман ако се однесува исто како и сите други ќе мора да ги дигнеме во воздух“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Трамп не е сигурен дека треба да го склучи договорот со Иран ако дополнителни земји не се приклучат на Абрахамовите договори, насочени кон нормализирање на односите со Израел. Шефот на Белата Куќа се спротивставува на тоа Русија или Кина да ги вратат резервите на високо збогатен ураниум од Иран. Според договорот од 2015 година, во времето на претседателот Барак Обама, Русија зеде залихи од високо збогатен ураниум што Иран го имаше во тоа време.