ЛИБАН
Израел нареди евакуација поради напади во Либан
28.05.2026 10:31
Жителите беа повикани да се преселат северно од реката Захрани...

Израелската војска издаде наредби за евакуација за големи делови од јужен Либан, прогласувајќи ги областите за борбени зони пред нови напади врз Хезболах. Жителите беа повикани да се преселат северно од реката Захрани. Ова е најголемата наредба за евакуација откако прекинот на огнот стапи на сила на 17 април, опфаќајќи околу 14 насто од либанската територија. Претходно, Израел изврши напади врз јужниот град Тир.
Хезболах, го обвини Тел Авив за кршење на прекинот на огнот и рече дека неговите борци се судриле со израелските трупи.
