Груевски: Веибо груп за три месеци почнува да ја гради фабриката
Македонскиот премиер истакна дека ВЕИБО Груп во Македонија вкупно ќе инвестира 400 милиони долари...

Виебо груп се подготвува да инвестира во Македонија. Од компанијата бараат да купат постоечка текстилна фабрика во Крива Паланка или околината што работи за да им биде логистичка поддршка за обука на новите вработени. За три до четири месеци Виебо груп ќе започне со градба на фабриките. Во нив ќе работат најмалку 5 илјади луѓе. Оваа компанија во земјава ќе инвестира 400 милиони долари.
„Тоа се повеќе фабрики што ќе ги изградат за текстилна индустрија затоа што се за повеќе различни работи. Некои се за производство на ткаенина, некои за боење, некои за други видови на суровина, а некои се и за готова конфекција. Ќе изградат и најмалку две фабрики кои што ќе бидат за различни видови на метални производи. Во сите нив планираат да вработат најмалку пет илјади луѓе“, изјави премиерот Никола Груевски при денешната посета на Крива Паланка.
Освен оваа инвестиција во Крива Паланка, премиерот Груевски најави дека до крајот на годинава ќе биде објавен тендер за изградба на втората фаза од железничкото поврзување со Бугарија, на потегот од Бељаковце до Крива Паланка. Планирано е изградбата да започне за една година.
„Ова не е само проект важен за Крива Паланка. Ова е меѓудржавен, важен за целата наша држава- поврзување со Бугарија, нешто за што многу долго се говори. За Крива Паланка ќе има една вредност- тука ќе биде попатната станица, а Крива Паланка ќе добие поврзување и со Скопје и со другите делови кои што се железнички поврзани низ Македонија и надвор од Македонија“, додаде премиерот.
Експресен и регионален пат наскоро од Крива Паланка. Со регионалниот ќе бидат поврзани Крива Паланка и Македонска Каменица и двата најголеми рудници за олово и цинк. Патот ќе биде во должина од 17 километри, а за негова изградба ќе се инвестирааат 10 милиони евра. Ќе започне да се гради во втората половина на идната година. Експресниот пат пак од Ранковце до Крива Паланка ќе има четири ленти.
Двата проекти ќе ги финансираат меѓународни институции. Експресниот пат ќе се прави со пари од Светска банка, а регионалниот од Европската банка за обнова и развој.
Андријана Атанасовска
