ТИХИ ОКЕАН
Американската војска изврши нови напади во Тихи Океан
28.05.2026 09:19
Јужната команда на САД објави видеоснимка на кое се гледа брод како стои на вода пред да биде погоден...

Американската војска нападна уште еден брод кој наводно транспортирал дрога во источниот Тихи Океан, при што загинаа двајца мажи. Јужната команда на САД објави видеоснимка на кое се гледа брод како стои на вода пред да биде погоден. Еден ден претходно, американските сили почнаа напад врз брод во источниот Тихи Океан, при што загина еден маж, а двајца беа спасени.
Кампањата на администрацијата на Трамп против трговија со дрога во латиноамериканските води, вклучувајќи го источниот Тихи Океан и Карипското Море, трае од почетокот на септември и резултираше со најмалку 196 жртви.
