Да се почитуваат правилата и препораките за побезбеден сообраќај!

21.09.2014 17:30

Ново поглавје на кампањата за безбеден сообраќај. Се делеа флаери. Според граѓаните врзувањето со појас може да биде пресудно...

Неодговорно, несовесно возење може дачини живот. Зад воланот се, а зборуваат на мобилен. Не се врзуваат со појасите, а некои дури возат без дозвола или управуваат возила без технички преглед. Велосипедистите и мотоциклистите сеуште се без навика да носат заштитни кациги. Тоа го покажале минатонеделните полициски контроли.

„Учесниците во сообраќајот не секогаш ги слушаат овие препораки, иако пред се тие се днесуваат на нивната лична заштита, но и заштита на живото и здравјето на сите други учесници во сообраќајот“, изјави Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи.

Ново поглавје на кампањата за безбеден сообраќај. Се делеа флаери. Според граѓаните врзувањето со појас може да биде пресудно.

„Пресудно е... Заради нашата безбедност и на сите други учесници во сообраќајот... Треба да ги носат сите, меѓутоа не ги носат...“, велат граѓаните.

„Се надеваме дека учесниците во сообраќајот ќе практикуваат врзување со појас и помалку ќе зборуваат на мобилен телефон“, изјави Никола Ангеловски, претседател на Советот за безбедност во сообраќајот.

Овојпат заминавме  до одредена дестинација со автобус на јавниот превоз. Како порака дека е поеколошко, но и побезбедно да се користи.

„Јавниот превоз барем сега од кога ги имаме новите возила е доста удобен, ефикасен и што е најважно безбеден“, вели Никола Марковски, оперативен директор на ЈСП.

Кампањата „Вози безбедно, вози со врзан појас“ е само една од низата која надлежните ја спроведуваат во насока на зголемување на одговорноста на учесниците во сообраќајот.

 

Фиљана Кока