Јавен сервис

Продолжен рокот за пријавување на конкурсот за избор на композиција за Јуниорски Евросонг 2026

28.05.2026 10:44

Македонската Радио- телевизија го продолжи рокот за пријавување на конкурсот за избор на композиција за Јуниорски Евросонг 2026 до 10 јуни. Право на учество имаат автори од земјава или со регулиран престој во државата, а композициите треба да бидат оригинални, необјавени и на македонски јазик, согласно правилата на Европската радиодифузна унија.

Македонската Радио-телевизија ја информира јавноста дека рокот за пријавување на Конкурсот за избор на композиција за Јуниорски Евросонг 2026 е продолжен до 10 јуни 2026 година.

На конкурсот може да учествуваат автори кои се државјани на Република Северна Македонија или имаат регулиран престој во државата. Пријавите треба да содржат демо-снимка и инструментална верзија од композицијата, текст на песната, податоци за авторите, како и контакт телефон и електронска адреса.

Според условите на конкурсот, композициите треба да бидат оригинални и необјавени, да не се јавно изведени пред рокот утврден од Европската радиодифузна унија (EBU), а нивното времетраење да биде од 2 минути и 30 секунди до најмногу 3 минути.

Песните треба да бидат современи, со впечатлива мелодија и позитивна порака, приспособени за детска и младинска публика. Главниот вокал треба да го изведуваат деца согласно правилата на Јуниорски Евросонг 2026, а текстот да биде најмалку 60 проценти на македонски јазик.

Композициите се доставуваат електронски на адресата [email protected], а повеќе информации и правилата за избор се достапни на веб-страницата на МРТ.

Правилата за избор на претставник и композиција за Јуниорски Евросонг 2026 може да ги преземете на следниот ЛИНК.