МНР

Форум за културна дипломатија и иднината на глобалниот дијалог во Скопје

28.05.2026 16:56

Ние не бараме место во Европа како гости, туку како народ и држава кои културно и историски таму припаѓаат. Ова го истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамките на обраќањето на четвртиот форум за културна дипломатија, насловен „Од крстосници до поврзување“.

Силните држави и идентитети не се плашат од дијалог и не се обидуваат да ја изградат својата самодоверба врз негирање на другите, порача Муцунски.

Македонија е лидер во унапредувањето на културното богатство во Европа, покажувајќи како културата произведува иновации, економската виталност и меѓународна присутност, истакна вршителката на должност, амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнес, во обраќање, кое беше целосно на македонски јазик.

Македонија е повеќе од она што го кажуваат институциите и книгите, истакна поранешниот македонски претседател Ѓорѓе Иванов, чиј кабинет е организатор на настанот.

Во рамките на форумот, од Вила Водно обраќање имаше и македонската претседателката Гордана Силјановска – Давкова, од законодавниот дом, собранискиот претседател Африм Гаши, а од Музејот на град Скопје се обратија министерот за култура Зоран Љутков и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Марија Котовска