Седница за пратенички прашања, во фокус економијата и задолжувањето
СДСМ бара одговор за новиот заем, ја обвини власта за расипништво со став – долгот се приближува до ниво од околу 11 милијарди евра. Бројките покажуваат кој го зголемил долгот, вели власта...

Дали државата во јуни со ребалансот ќе направи ново задолжување. СДСМ бара одговор за новиот заем, ја обвини власта за расипништво со став – долгот се приближува до ниво од околу 11 милијарди евра. До 26 мај се реализирани околу 73% од планираниот годишен дефицит, рече Фатмир Битиќи.
Бројките покажуваат кој го зголемил долгот, вели власта, целосно сме посветени на зачувување на стабилноста на јавните финансии, паралелно со обезбедување средства за развој на државата. Според ММФ за период од само две години сме оствариле додадената вредност поголема од таа на претходната власт за шест години, а долгот е за речиси два ипол пати помал.
Според Скендер Реџепи, Владата манипулира со Венецијанската комисија преку законите кои ги засегаат етничките заедници. Праша, дали ќе се отвори Уставот за отстранување на 20-те проценти. Лицемерен сте доби одговор. Очекувам да гласате за Законот за правична застапеност во кој ќе се цени квалитетот – рече шефот на Владата.
Во јунскиот извештај за реформската агенда Македонија ќе биде пред фронтранерите, е ставот на Владата. Во однос на испораката на правда очекува побрза и поробустна нејзина испорака.
Миле А. Ристески
