Свет

ООН: Потребна е итна и одржлива деескалација во Украина

29.05.2026 12:23

Неодамнешната ескалација на борбите и употребата на оружје во Украина би можеле да ја доведат војната надвор од контрола.

Генералниот секретар на ООН, пред Советот за безбедност истакна дека неодамнешната ескалација на борбите и употребата на оружје во Украина би можеле да ја доведат војната надвор од контрола.

„Сегашниот курс не е одржлив. Траекторијата мора да се промени. Спиралата на смртта мора да престане. Она што е потребно сега е итна и одржлива деескалација, целосен и безусловен прекин на огнот и повеќе дипломатија за да се создадат услови за праведен, траен и сеопфатен мир во согласност со Повелбата на Обединетите нации, меѓународното право и резолуцијата на Обединетите Нации“, вели Антонио Гутереш, генерален секретар на ООН.

Русија изминатата недела истрела нуклеарни балистички ракети со долг дострел за да ја оштети електричната мрежа на Украина и да ги погоди градовите. Киев, главниот град на Украина, се подготвува за понатамошни тешки бомбардирања.