Руски дрон погоди станбена зграда во Романија, повредени две лица
Две лица се повредени откако руски дрон погодил станбена зграда во романскиот град Галац, во близина на границата со Украина, соопшти романското Министерство за одбрана. Инцидентот предизвика пожар и евакуација на десетици жители.
Две лица се повредени откако руски дрон погоди станбена зграда во романскиот град Галац, недалеку од границата со Украина, соопшти романското Министерство за одбрана.
Според романскиот Генерален инспекторат за вонредни ситуации, целата експлозивна направа на дронот детонирала, при што избувнал пожар на 10-тиот кат од станбениот објект. Околу 70 лица биле евакуирани додека траела интервенцијата на пожарникарите и спасувачките служби.
Романското Министерство за одбрана информира дека кратко по 1 часот по полноќ биле ангажирани два авиона Ф-16 и хеликоптер. Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека не постоеле услови целите да бидат уништени без дополнително загрозување на безбедноста на цивилите.
Русија засега не го коментираше инцидентот, кој лидерите на Европската унија го оценија како „очигледно и сериозно прекршување“, додека од НАТО порача дека „неодговорното однесување на Русија претставува опасност за сите“.
Фото: BBC
