МНР со осуда за инцидентот во Романија
Руската агресорска војна против Украина продолжува да претставува ризик и надвор од границите на Украина, и ја загрозува регионалната безбедност.

Македонското министерството за надворешни работи и надворешна трговија со осуда за инцидентот во Романија.
„Силно го осудуваме рускиот напад со дрон кој погоди станбена зграда во Романија, при што беа повредени цивили. Руската агресорска војна против Украина продолжува да претставува ризик и надвор од границите на Украина, и ја загрозува регионалната безбедност. Стоиме во целосна солидарност со нашиот сојузник Романија и им посакуваме брзо закрепнување на повредените. Заедно со нашите сојузници, остануваме посветени на зачувувањето на мирот, безбедноста и стабилноста ширум алијансата“, се вели во реакцијата на нашето МНР.
