Викендов се одбележува големиот христијански празник Духовден
Празнувањето традиционално започнува уште во петок, ден кој во православието е посветен на молитва за упокоените и кој е прогласен за неработен ден за верниците.

Православните христијани викендов го одбележуваат големиот празник Духовден, познат и како Педесетница – еден од најзначајните верски празници, посветен на слегувањето на Светиот дух врз апостолите и раѓањето на христијанската црква.
Празнувањето традиционално започнува уште во петок, ден кој во православието е посветен на молитва за упокоените и кој е прогласен за неработен ден за верниците.
Главниот помен, односно Духовденската задушница, се одбележува в сабота, кога верниците масовно ги посетуваат гробиштата, палат свеќи, принесуваат варена пченица, леб и вино, молејќи се за покој на душите на своите блиски, пред централното неделно чествување на празникот Духовден.
