Нов трговски парк во Гевгелија
Во Гевгелија отворен трговски парк кој се протега на околу 20.000 метри квадратни, каде ќе бидат сместени околу 50-тина брендови. Локалните власти очекуваат поттикнување на економскиот развој и намалување на невработеноста во регионот.

Гевгелија доби современ и модерен трговски шопинг парк кој ќе даде дополнителен инпут на локалниот економски развој. Тој се протега на околу 20.000 метри квадратни каде се лоцирани 50-тина домашни и светски брендови. Целата инвестиција е 15 милиони евра која носи нови современи стандарди на пазарот.
Со отворањето на новиот трговски парк, Гевгелија нема да биде само транзитна точка туку дестинација за домашни и странски посетители. Паралелно паркот носи и нови работни места, кажа градоначалникот Сарамандов.
Отворањето на Мега-шопинг паркот се очекува да донесе и нови домашни и странски инвестиции во Гевгелија.
Ване Трајков
