Македонија

Осуденици во затворите во Струмица и Гевгелија го дооформуваат образованието

30.05.2026 18:06

Осуденици во затворите во Струмица и Гевгелија го дооформуваат своето средно образование. Ова е чекор плус во процесот на реинтеграција во општеството. Во затворот во Струмица доделени и првите свидетелства…

35-годишник од радовишко кој е на издржување казна затвор од 15 месеци во Струмица го прими свидетелството за завршена прва година средно стручно образование. Тој во затворот во Струмица учеше и полагаше како вонреден ученик. Сака да биде автомеханичар.

Целиот процес се реализираше под менторство на професори од ДСУ „Никола Карев“ кој е и регионален центар за средно стручно образование.

Освен во Струмица работат и со осудени лица и во Гевгелија.

Директорот на струмичкиот затвор тврди дека ова е чекор плус во целосната реинтеграција на осудените лица.

Во струмичкиот затвор во моментов казна затвор издржуваат околу 100-тина лица.

Ване Трајков