Демонстрации по апсењата во Турција

23.12.2013 13:08

Турската полиција употреби солзавец против илјадниците антивладини демостранти во Истанбул по наредбите на премиерот Ердоган за разбивање на заговорот поврзан со актуелната афера за корупција. Судирите избија меѓу демонстрантите и полицајците на плоштадот Кадикој. Ердоган оцени дека демонстрациите се насочени кон поткопување на владеењето на неговата партија со земјата.  Во меѓувреме, двајца синови на министри во владата, за полиција и за економија,  беа обвинети за корупција со градежно земјиште.  Досега се поднесени обвиненија против 24 лица .

Турската полиција употреби солзавец против илјадниците антивладини демостранти во Истанбул по наредбите на премиерот Ердоган за разбивање на заговорот поврзан со актуелната афера за корупција. Судирите избија меѓу демонстрантите и полицајците на плоштадот Кадикој. Ердоган оцени дека демонстрациите се насочени кон поткопување на владеењето на неговата партија со земјата.  Во меѓувреме, двајца синови на министри во владата, за полиција и за економија,  беа обвинети за корупција со градежно земјиште.  Досега се поднесени обвиненија против 24 лица . Во Истанбул демонстрантите извикуваа - „Секаде има корупција, секаде се подмитува“,  што наликуваше на извиците од летните протести на плоштадот Таксим. Демонстрантите синоќа  ги запалија барикадите, по што следуваше полициската употреба на солзавец и водни топови.