Германија надмоќно до бронзата, Французите разочараа
Селекцијата на Германија ја совлада Франција со 3 : 0 во сетови, по што го освои бронзениот медал на С П во одбојка. Германците го одиграа најдобриот натпревар кога беше најпотребно и во голем стил го освоија својот прв трофеј на мундијалите. Во малото финале триумфираа над Франција, предводени од незаджливиот Грозер со 19 освоени поени, а голем придонесостварија Калиберда и Шварц со по 12 поени. Уште во првиот сет ја презедоа контролата врз играта и го добија убедливо со 25 : 21.

Селекцијата на Германија ја совлада Франција со 3 : 0 во сетови, по што го освои бронзениот медал на С П во одбојка. Германците го одиграа најдобриот натпревар кога беше најпотребно и во голем стил го освоија својот прв трофеј на мундијалите. Во малото финале триумфираа над Франција, предводени од незаджливиот Грозер со 19 освоени поени, а голем придонесостварија Калиберда и Шварц со по 12 поени. Уште во првиот сет ја презедоа контролата врз играта и го добија убедливо со 25 : 21. Вториот беше најнеизвесен, кога Французите можеа да се вратат, но во решавачките моменти Нгапет и Рузие грешеа и противникот го доби сетот на разлика со 26 : 24. Во третиот Германија постојано имаше предност од 3 до 4 поени, а задоцнетите измени кај Французите само ја намалија негативата, за конечни 25 : 23 за германските одбојкари, кои го освоија првиот трофеј на големите натпреварувања воопшто. Франција останува со бронзата од 2002 година, што е нивни единствен медал од светските шампионати.
До крајот на 18 С П останува уште големото финале, во кое Бразил ќе се обиде да дојде до рекордниот четврти златен медал едноподруго, а Полска пред домашната публика да го повтори успехот од 1974 година кога ја освоија светската шампионска титула.
