ФРАНЦИЈА
Немири во Париз по победата на ПСЖ, три лица повредени и стотици уапсени
31.05.2026 12:33
Стотици лица се уапсени во Франција по уличните немири предизвикани од навивачите на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен по победата на нивниот тим во финалето на Лигата на шампионите против лондонски Арсенал.

Во Париз, три лица се повредени, меѓу кои и еден полицаец. Властите употребија солзавец за да ја растераат толпата. Во тензиите, предизвикана е материјална штета на комерцијални објекти, продавници и автомобили. Навивачите се обидоа да упаднат и во полициска станица во француската престолнина.